Локални избори во Аргентина кои се сметаат за тест за претседателот Милеј

18.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Локални избори во Аргентина кои се сметаат за тест за претседателот Милеј

Поранешна ТВ личност позната по своите критики на аргентинската политичка класа, Милеи ја основаше ЛЛА пред само четири години, привлекувајќи шаренолика група политички идеи во агендата за борба против естаблишментот, пренесе Бета.

Со мала сила во Конгресот во последните 1,5 години на функција, бидејќи неговата партија има само 15 отсто од местата во долниот дом и 10 отсто во Сенатот, Милеи беше принуден да прави компромиси со поранешниот претседател Маурисио Макри, лицето на аргентинскиот конзервативен политички естаблишмент.

Тој неприроден сојуз беше во проблеми во последните месеци.

Тие двајца се судрија околу обидот на Милеи во Врховниот суд, меѓу другото, да постави судија вмешан во корупциски афери.

На својот завршен митинг минатата недела, Милеи остро ја нападна партијата на Макри.

- Нема да губам време опишувајќи ги сите недоследности на пропаднатата (ПРО) партија бидејќи тие се борат за четврто место, им рече тој на поддржувачите.

Победата над ПРО во Буенос Аирес би значела голема промена во аргентинската политика слична на онаа што веќе се одвива во САД, Европа и ширум светот, бидејќи сите десничарски фракции го пробиваат својот пат во мејнстримот.

Тоа исто така би ја зацврстило партијата на Милеи како главна алтернатива на левичарската популистичка фракција во земјата, која управуваше со Аргентина во поголемиот дел од последните две децении.

- Ако Милеи победи во главниот град, тоа ќе има многу силно симболично влијание, рече Орландо Д’Адамо, директор на Центарот за јавно мислење на Универзитетот во Буенос Аирес.

- Ако ПРО победи, тоа би ја задржало моќта на Макри како силен партнер, ќе го зајакне него и ќе го стави во рамноправна положба со ЛЛА, додаде тој.

Милеи избра истакната личност, својот портпарол Мануел Адорни, за чело на неговата листа на кандидати. Својата сестра и најблиска советничка, Карина Милеј, ја постави за стратег на кампањата. Огромни транспаренти со натпис „Адорни е Милеи“ се поставени низ целиот град.

Макри, од своја страна, водеше жестока кампања за својата главна кандидатка Силвија Лоспенато. Во неодамнешните настапи, тој го критикуваше Милеи за „војнољубив“ пристап и непочитување на традиционалните аргентински институции./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата