Летонија наредната година за одбрана ќе издвои пет проценти од БДП

27.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Летонија наредната година за одбрана ќе издвои пет проценти од БДП

Тоа се посочува во соопштението од летонскиот Парламент каде вчера едносгласно беше одобрен законот за зголемување на буџетот за одрбаната на земјата наредната година.

Претседателот Едгарс Ринкевичс, кој го предложи законот, изјави дека предвидливо финансирање на одбраната е неопходно поради актуелната геополитичка состојба и потребата за зајакнување на националните одбранбени капацитети.

Членките на НАТО на самитот во јуни 2025 година се договорија за зголемување на трошоците за одбрана, со цел најмалку 3,5 проценти од БДП за одбрана и дополнителни 1,5 проценти за поврзани трошоци, како инфраструктура. Летонското законодавство не прави разлика во двете ставки.

Како земја што граничи со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, Летонија ја смета војната во Украина за директна закана за својата безбедност. Владата веќе ги зголеми воените трошоци и планира оваа година да издвои 4,91 проценти од БДП за одбрана. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата