Лекорну го преживеа и второто гласање за недоверба

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лекорну го преживеа и второто гласање за недоверба

„За“ предлогот на Национален собир гласаа 144 членови на Националното собрание (Долниот дом на францускиот Парламент), а за пад на Владата беа потребни 289 гласа. Долниот дом на Парламентот има 577 пратеници.

Додека првото гласање за недоверба, поднесено од ултралевичарската партија Независна Франција, доби поддршка од 271 пратеник, а беа потребни 289 гласови.

Се очекуваше Лекорну да ги преживее двете гласања за недоверба, откако привремено ги суспендира пензиските реформи, поради што доби поддршка од социјалистите. Пензиската реформа, што предвидува зголемување на возраста за пензионирање од 62 на 64 години, е одложена за неколку години.

Поддршката што ја доби Лекорну во Парламентот не значи крај на политичката криза во Франција. Тој ќе мора да се справи со националниот долг и дефицит, што ќе бара спроведување на непопуларни мерки за штедење.

Владата на Лекорну е шеста во вториот мандат на Емануел Макрон и четврта откако претседателот распиша предвремени избори минатото лето, на кои обединетата левица победи во вториот круг. Но, десницата освои речиси двојно повеќе места во Парламентот од претходно.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата