Лавров: Каде се доказите дека Иран развива нуклеарно оружје

3.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавров: Каде се доказите дека Иран развива нуклеарно оружје

„Досега не видовме докази дека Иран развива нуклеарно оружје, а ова беше главното, ако не и единственото, објаснување за војната“, рече Лавров, цитиран од руските медиуми.

Министерот, исто така, нагласи дека сега има директна потврда од Меѓународната агенција за атомска енергија дека Иран „не произвел, ниту се обидел да произведе нуклеарно оружје“.

Во меѓувреме, МААЕ денеска потврди дека неодамна имало оштетувања на објектите на влезот во иранската подземна инсталација за збогатување ураниум во Натанз.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата