Ладнокрвно убиство во фризерски салон е снимено од надзорните камери (Вознемирувачко видео)

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ладнокрвно убиство во фризерски салон е снимено од надзорните камери (Вознемирувачко видео)

Грозоморното убиство се случило во познат салон за убавина во јужна Богота во вторникот околу 20 часот, кога салонот бил полн со жени кои дошле на третмани за убавина.

На снимката се гледа како жртвата Паола Чавез Босанегра (26) разговара со клиентка која прави маникир кога нејзиниот поранешен партнер, полицаец десет години постар од неа, влегува во салонот облечен во кацига за мотоцикл, вади пиштол, ладнокрвно се врти кон жртвата и почнува да пука.

Предупредување: Видеото е крајно вознемирувачко

Според локалните медиуми, убиец е активниот полицаец Андрес Хулијан Меса Рамирез. Камерите го снимиле Андрес како влегува во салонот, а потоа стои среде местото, посегнува во облеката, вади огнено оружје и испукува десет куршуми во Паола, која веднаш паднала на подот. Муштериите почнуваат да врескаат во паника и бегаат, а Андрес по убиството на девојката, го врти пиштолот кон себе и пука.

Според полицијата во Богота, тој бил пренесен жив во болница, но починал неколку часа подоцна поради тежината на повредите.

Според весникот El Espectador, Андрес имал досие за семејно насилство, со два пријавени случаи: 3 јуни 2019 година и 20 јуни 2024 година. И двата случаи се однесувале на агресивно однесување во семејна средина.

Врската меѓу жртвата и напаѓачот наводно завршила неодамна. Според извештаите, Паола се оддалечила од него поради физичко и вербално малтретирање. Паола зад себе остави малолетен син, а за него треба да се грижи нејзиното семејство. За време на бдеењето со свеќи, насобраните освен што повикуваа на правда, побараа и државна поддршка за момчето.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата