Курдските сили во Сирија објавија нов договор со Владата

30.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Курдските сили во Сирија објавија нов договор со Владата

Договорот предвидува сириската полиција да влезе во градовите Хасака и Камишли и да почне процесот на интеграција на припадниците на СДФ во сириската армија.

Предвидено е и формирање на три бригади од курдски борци, како дополнување на бригадата составена од членови на СДФ во рамките на владината бригада во Алепо.

Договорот, исто така, вклучува „граѓански и образовни права за курдскиот народ и враќање на раселените лица во нивните области“.

Официјален Дамаск сè уште не ја коментираше објавата на курдските сили, но неименуван извор за државната сириска телевизија го потврди договорот.

По интензивните судири помеѓу владините сили и СДФ што почнаа на 6 јануари во градот Алепо уследи офанзива на сириската армија, при што Сириските демократски сили загубија поголемиот дел од својата територија во североисточна Сирија.

Владата на Сирија и СДФ на 18 јануари постигнаа договор за прекин на огнот, кое главно се почитува. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата