Што се однесува до Виткоф, можам да кажам дека е постигнат прелиминарен договор и тој ќе дојде во Москва следната недела, изјави советникот за национална безбедност на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека и „други претставници на администрацијата, кои се ангажирани за украинските прашања“ следната недела ќе пристигнат во Москва.
