Кремљ денеска соопшти дека ги презема „сите потребни мерки“ за да обезбеди сигурност за време на прославата на Денот на победата во Москва, вклучително и ограничување на пристапот до интернет услугите во градот заради заканите од Украина, за што беше побарано разбирање од граѓаните на руската метропола .
„Тоа не се дефекти. Тоа се ограничувања во работењето на мобилниот интернет од очигледни причини. Секако, треба да се однесуваме кон ова со апсолутно разбирање“, изјави на брифинг Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин,
„Специјалните служби и нашата армија ги преземаат сите потребни мерки за да се обезбеди прославата на Големата победа да се одржи во мирна и стабилна атмосфера“, изјави Дмитриј Песков, пренесен од руските медиуми.
Тој додаде дека „функционирањето на мобилниот интернет е ограничено“ со цел, како што изјави, „да се земе предвид опасното соседство“.