Бебето Софија било брзо пронајдено, додека полицијата ги уапсила мажот и жената.
Според очевидци, сето тоа се случило вчера, кога една жена со сопругот влегла во клиниката и го грабнала бебето од лулка.
Надзорната камера на клиниката го снимила киднапирањето. На видеото се гледа како жена со бебе во раце приоѓа на носилка и се обидува да го стави бебето внатре со помош на маж кој носи капа.
Откако не успеале, излегуваат надвор - таа со бебето во раце, додека нејзиниот сопруг ја носи носилката. Влегоа во автомобилот и се оддалечија.
Полицијата брзо успеала да го лоцира бебето Софија, која била киднапирана само еден ден по раѓањето.
Тие пристигнале во домот на Роза Веспа (51) која е од Козенца и нејзиниот партнер Аква Мозес (43) кој по потекло бил од Сенегал. Она што го нашле таму ги шокирало.
Имено, кога полицијата пристигнала пред нивната куќа, во тек била прослава за раѓање на детето. Родителите дома ги пречекале роднините, кои не биле свесни за киднапирањето.
„Кога влеговме во куќата, првото нешто што видовме беше сина лента, а внатре имаше гости кои го славеа раѓањето на бебето“, изјави полицајката Клаудија Соле, која набрзо ја зела Софија во раце.
Како што рече, луѓето биле во неверување кога ја виделе полицијата на вратата. Воодушевен бил и сопругот на Роза.
"Кога ја прашав жената каде е бебето, таа ми покажа соба во која имаше лулка со девојче облечено во сино. Сѐ беше украсено за момче. Жената замолче, а кога ја зедов Софија во раце, емоциите ја заменија напнатоста“, рече Соле.
Полицијата го уапсила брачниот пар, и истражува до кој степен сопругот бил вмешан во киднапирањето и дали воопшто знаел дека девојчето не е негова ќерка.
Роза наводно се обидела да украде уште едно бебе, но истрагата допрва треба да ги потврди овие наводи.
Киднапираното новороденче било „случајна жртва“ бидејќи „нема контакт меѓу семејството на девојчето и сопружниците“ кои биле уапсени.
Rosa Vespa (53 anni) e Aqua Moses (43), lei italiana, lui di cittadinanza senegalese, moglie e marito sono i responsabili del rapimento di una neonata avvenuto alla clinica Sacro Cuore di #Cosenza | https://t.co/b5xfGy6nhJ pic.twitter.com/qYHJmOP5hp
— occhionotizie.it (@occhio_notizie) January 22, 2025
Според пишувањата на Република, уапсената жена имала некаква опсесија да има дете. Таа ја лажираше својата бременост 9 месеци, велејќи му на своето семејство дека очекува момче и останувала на клиниката неколку дена подолго од предвиденото за тестови. Сè било педантно организирано: новороденчето било облечено во сино како бебето да е машко.
Девојчето Софија, кое се родило во понеделникот, е вратено кај родителите и е во добра состојба.