Несреќата се случила околу 1:30 часот по локално време во северна Москва кога Алексеј со голема брзина удрил во заштитна ограда и се превртел.
Според извештаите, Алексеј возел по автопат со брзина поголема од 150 километри на час, што наводно било снимено од безбедносните камери. Во еден момент, тој ја изгубил контролата на кривина и удрил во заштитната ограда.
Луксузниот автомобил се превртел и веднаш се запалил. Според полицијата, Алексеј не бил сам во Ламборџинито.
Уште едно лице загинало во несреќата, додека уште две лица се однесени во болница со тешки повреди.
Руските медиуми објавија дека крипто- милионерот Алексеј Долги бил ставен на црната листа на руските банки поради сомнение за перење пари.
Полицијата и обвинителството ја истражуваат несреќата.
Патем, Алексеј постојано ги прекршувал сообраќајните прописи додека возел луксузен автомобил: има повеќе од 400 казни за пребрзо возење, а неговиот долг надминал еден милион рубли. Сопственикот на автомобилот акумулирал значителна сума за само една година поседување на елитното возило.

