Конфликтот на Блискиот Исток доби нова димензија откако јеменските Хути, поддржани од Иран, потврдија дека се вклучиле во војната и извршиле напад врз цели во Израел. Израелските власти го потврдија нападот и соопштија дека пресретнале неколку ракети во Црвеното море. Милитантната организација која контролира голем дел од Јемен извршуваше напади врз Израел за време на војната во Појасот Газа, кога значително го наруши сообраќајот во стратешкиот поморски теснец Баб Ел Мандев кој сега го користи Саудиска Арабија за извоз на нафта бидејќи го избегнува Ормускиот теснец кој е под блокада од Иран.
„Ја извршивме првата воена операција со балистички ракети врз сензитивни израелски воени мети во окупирана Палестина. Операцијата се совпаѓа со херојскиот отпор на нашите муџахедински браќа во Иран и Хезболах во Либан.“
Американскиот претседател Трамп во меѓувреме и натаму тврди дека Техеран сака да постигне мировен договор иако иранските власти жестоко негираат дека воопшто има разговори и покрај информациите за можна средба на високо ниво во Пакистан. Говорејќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп нагласи дека и покрај првичните проценки, војната секогаш може да се развие во неочекуван правец, а не пропушти повторно да упати и порака кон земјите-членки на НАТО.
„Ние трошиме стотици милијарди долари годишно на НАТО штитејќи ги нив и ние секогаш ќе бевме тука за нив, но сега врз основа на нивните дека не мора да бидеме. Ова звучи како ударна вест нели? Дали е ударна вест, мислам дека имаме ударна вест. Но, тоа е факт, зошто да бидеме со нив, кога тие не се со нас?“
Ситуацијата на блискиот исток вклучувањето на Хутите во војната, но и разногласијата за можен мировен договор повторно влијаеа и врз цените на нафтата на светските берзи која се искачи на 110 долари за барел.

