Кинезите изградија најдолг тунел на светот, познато е кога ќе биде отворен (ВИДЕО)

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кинезите изградија најдолг тунел на светот, познато е кога ќе биде отворен (ВИДЕО)

Тунелот долг 22,13 километри е дел од автопатот Урумчи-Јули и ќе ги поврзува северните и јужните делови од регионот преку планините Тјаншан.

Значително пократко патување

Отворањето на тунелот ќе го скрати времето потребно за преминување на планините од неколку часа на околу 20 минути.

Според Гуо Шенг, заменик-директор на регионалниот оддел за транспорт, проектот ќе го олесни долгогодишниот сообраќајен метеж и ќе придонесе за порамномерен развој на Синџијанг.

Патувањето помеѓу Урумчи и Корла, кое претходно траеше околу седум часа, ќе се скрати на околу три часа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата