Кина по обвинувањата на Трамп: Можеби Ковид-19 настанал во САД

30.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина по обвинувањата на Трамп: Можеби Ковид-19 настанал во САД

Кина ова го објави во извештај, изготвен поради обвинението на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека вирусот протекол од лабораторија во Кина и во кој Пекинг ги обвини САД за политизирање на прашањето за потеклото на Ковид-19.

Како пример, Кина ја наведе тужбата во Мисури која резултираше со пресуда од 24 милијарди долари против Кина поради трупање заштитна медицинска опрема и прикривање на епидемијата.

Се додава дека Кина навремено ги споделила релевантните информации со СЗО и меѓународната заедница, нагласувајќи дека заедничката студија на СЗО и Кина заклучила дека протекување од лабораторија е „исклучително малку веројатно“.

- САД не треба да продолжат да се прават глуви и неми, туку треба да одговорат на легитимните загрижености на меѓународната заедница, се наведува во извештајот.

Во кинескиот извештај се наведува дека „суштинските докази“ укажуваат на тоа дека Ковид-19 можеби се појавил во САД порано отколку што е официјално наведено и пред да почне епидемијата во Кина.

ЦИА во јануари соопшти дека е поверојатно пандемијата да настанала од лабораторија во Кина отколку од природата, откако со години тврдеше дека не може да донесе заклучок за тоа прашање.

Агенцијата соопшти дека има „мала доверба“ во својата нова проценка и напомена дека и лабораториското и природното потекло остануваат веројатни.

Официјален претставник на кинеската Национална здравствена комисија рече дека следниот чекор во работата на следење на потеклото треба да се фокусира на САД.

Белата куќа на 18 април отвори веб-страница за Ковид-19, на која се наведува дека коронавирусот настанал од протекување од лабораторија во Кина, притоа критикувајќи го поранешниот претседател Џо Бајден, поранешниот висок американски здравствен функционер Ентони Фаучи и Светската здравствена организација./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата