Ким, кој првпат ја доби титулата на осмиот конгрес на партијата во 2021 година, беше повторно избран вчера „во согласност со непоколебливата волја и едногласната желба на сите делегати, милиони членови на партијата, сите луѓе и припадници на Народната армија“, соопштија медиумите.
Титулата го става на врвот на владејачката Работничка партија во земјата.
Ким е трет во династијата владетели на земјата по неговиот татко Ким Џонг Ил и дедото Ким Ил Сунг, кој ја држеше и титулата генерален секретар на партијата.
По смртта на неговиот татко кон крајот на 2011 година, Ким Џонг Ун брзо беше прогласен за врховен водач на севернокорејската војска, партијата и државата.
На седмиот партиски конгрес пред 10 години, тој беше избран за претседател на партијата.
На почетокот на партискиот конгрес, кој традиционално се одржува на секои пет години, Ким рече дека во тој период земјата ги надминала тешкотиите и претрпела фундаментални промени.
Медиумите денеска го цитираа конгресот како вели дека, под власта на Ким, „одвраќањето на земјата од војна со нуклеарните сили како нејзин стожер е радикално подобрено“.
На конгресот присуствуваат околу 5.000 партиски кадри. Досега, државните медиуми објавија малку информации за идниот курс за земјата што беше одлучен на партискиот конгрес.
Се очекува Ким да даде и можни индикации за проширување на програмата за нуклеарно оружје на Пјонгјанг.
Набљудувачите, исто така, бараат сигнал од Ким за подготвеност да се вклучи во дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп и јужнокорејскиот претседател Ли џе-Мјунг.

