Хутите слават со американски оклопни возила во Јемен (ВИДЕО)

12.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хутите слават со американски оклопни возила во Јемен (ВИДЕО)

Хутите запленија американско оклопно возило

Возилото беше запленето од сили лојални на Тарик Салех, командант поддржан од Обединетите Арапски Емирати и внук на покојниот јеменски претседател Али Абдула Салех.

Во видеото, борецот наведува дека силите на Салех побегнале и дека силите на Хутите напредувале понатаму кон југ, кон стратешки важната област Баб ел-Мандеб – теснец што претставува клучен влез во Црвеното Море.

Видеото, кое е објавено во јавноста, се појавува во момент кога Хутите напредуваат долж западниот брег на Јемен и ја засилуваат контролата врз еден од најважните поморски патишта во светот. За време на ова напредување, движењето „Ансар Алах“ заплени и значително количество воена опрема од американско производство.

Хутите се закануваат дека ќе го заземат клучниот премин кај Ормуз

Контролата на Хутите врз теснецот Баб ел-Мандеб во Црвеното Море – кој се наоѓа на спротивната страна на Арапскиот Полуостров во однос на Ормускиот Теснец – би можела да му даде на нивниот сојузник Иран клучна предност во евентуална војна со САД, преку прекинување на снабдувањето низ уште еден голем транспортен коридор и предизвикување нагло зголемување на цените на нафтата.

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, се потпира на рутата преку Црвеното Море откако конфликтот со Иран практично го затвори Ормускиот Теснец, низ кој претходно минуваше една петтина од светската нафта.

Ескалацијата датира од почетокот на јули, кога Хутите објавија дека нивните сили влегле во судир со саудиски „воени авиони“ кои се обидувале да спречат слетување на ирански цивилен авион на меѓународниот аеродром во Сана.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата