Хили: Руски шпионски брод насочил ласери кон британски воени пилоти

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хили: Руски шпионски брод насочил ласери кон британски воени пилоти

Хили рече дека Британија „е подготвена“ да одговори, со изготвени „воени опции“ доколку бродот се упати на југ, како предупредување до рускиот претседател Владимир Путин.

Бродот, дизајниран за собирање разузнавачки информации и мапирање на клучните подводни кабли, се наоѓа во близина на северниот брег на Шкотска, откако влезе во пошироките води на Обединетото Кралство во последните неколку недели.

Хили на прес-конференција во Даунинг Стрит во средата изјави: „

- Имаме распоредено фрегата на Кралската морнарица и авиони РАФ П-8 за да го следат секое движење на овој брод, во кое Јантар насочи ласери кон нашите пилоти, изјави денеска Хили на прес-конференција во Даунинг Стрит.

- Оваа руска акција е многу опасна. Ова е вторпат годинава бродот Јантар, да се распореди во водите на Обединетото Кралство. Мојата порака до Русија и до Путин е оваа: Ве гледаме. Знаеме што правите. Ако Јантар се движи на југ оваа недела, ние сме подготвени, нагласи Хили.

Тој исто така рече дека бродот е „дел од руската флота дизајнирана да ја доведе во ризик британската подводна инфраструктура и на нејзините сојузници“.

- Тоа не е само поморска операција. Тоа е дел од руска програма водена од она што тие го нарекуваат Главна дирекција за истражување на длабокото море, или ГУГИ (GUGI), а бродот е дизајниран да има способности кои можат да вршат надзор во мирно време и саботажа во конфликт, додаде Хили.

Во јануари било откриено дека Јантар е фатен како ги надгледува подводните кабли и бил предупреден од нуклеарна подморница на Кралската морнарица.

Велика Британија и сојузниците од НАТО се сè повеќе загрижени за ризикот што Москва го претставува за каблите на отворено море, гасоводите и другата инфраструктура критична за интернет поврзувањето.

Напади врз подводни кабли би можеле да предизвикаат „катастрофални нарушувања“ на финансиските и комуникациските системи на кои се потпираат Британците, предупреди Комитетот за национална безбедносна стратегија во септемврискиот извештај.

Јантар се наоѓаше во ексклузивната економска зона на Обединетото Кралство, која се протега до 200 наутички милји (370 километри) од брегот, но бил на работ на територијалните води на Британија, во рамките на 12 наутички милји (22 километри) од брегот.

Се смета дека инцидентот со ласерот се случил во изминатите две недели.

- Јасно е дека сè што ги попречува, нарушува или ги загрозува пилотите задолжени за британските воени авиони е длабоко опасно. „Ова е првпат да имаме вакво дејство од Јантар насочено против британската РАФ. Го сфаќаме тоа исклучително сериозно. Ги сменив правилата за ангажирање на морнарицата за да можеме повнимателно да ги следиме активностите на Јантар кога е во нашите пошироки води, рече Хили.

- Имаме подготвени воени опции доколку Јантар го промени курсот. Нема да ги откријам, бидејќи тоа само би го направило претседателот Путин помудар, додаде тој.

Повторување на одговорот со подморница би можело да биде една воена опција на маса, или воените бродови би можеле да го следат примерот на холандската морнарица, која го испрати Јантар надвор од холандскиот дел на Северното Море претходно овој месец, пишува ДПА.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата