Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Хезболах потврди дека ракетирале израелска разузнувачка база во близина на Тел Авив

2 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ноќеска борците на Хезболах „испукаа серија ракети врз базата Жило, воена разузнавачка единица во предградијата на Тел Авив“, објави проиранската група.

По една година размена на оган во јужен Либан, кој Хезболах го нарече „фронт за поддршка“ отворен во знак на солидарност со Хамас во Газа, конфликтот на Израел со Хезболах се претвори во отворена војна на 23 септември.

Израел врши воздушни напади врз упориштата на Хезболах во јужен Либан и во јужните предградија на Бејрут - Дахије, како и копнени упади на територијата што ја држи Хезболах.

Хезболах секојдневно го гаѓа Израел, како воени бази, така и урбани, цивилни центри на северот на Израел. Хезболах објави дека истрелале серија ракети врз голем број места на северот на Израел, особено во областа на градот Сафед.

Израелската армија соопшти дека нападот се уште трае.

Деветнаесет луѓе во централниот израелски регион Шарон се повредени, соопшти израелската полиција, откако војската соопшти дека три проектили биле истрелани од Либан кон израелска територија рано утринава.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ