Хегсет до Европа: Заврши времето на бесплатен превоз

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хегсет до Европа: Заврши времето на бесплатен превоз

Според него американската поморска блокада на иранските пристаништа „секој ден станува се посилна“.

- Пораката до режимот во Техеран е: блокадата се стега од час во час. Ние имаме контрола. Ништо не влегува и ништо не излегува - посочи Хегсет.

Тој наведе дека сега Иран треба да донесе мудра одлука и да се откаже од поседување нуклеарно оружје.

- Инаку, можат да гледаат како кревката економска состојба на нивниот режим се распаѓа под немилосрдниот притисок на американската моќ - истакна Хегсет.

Тој ги предупреди Европа и Азија дека „заврши времето на бесплатен превоз“.

- Европа и Азија со децении имаа корист од нашата заштита, но заврши времето на бесплатен превоз. Америка и слободниот свет заслужуваат способни и верни сојузници, кои разбираат дека сојузништвото не е еднонасочна туку двонасочна улица - истакна Хегсет. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата