Хасан: Малезија и САД работат на постигнување примирје помеѓу Тајланд и Камбоџа

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хасан: Малезија и САД работат на постигнување примирје помеѓу Тајланд и Камбоџа

Според него, преговорите имаат за цел проширување на примирјето, за да се опфати отстранувањето на мини и повлекување на тешкото оружје.

Во петдневниот судир помеѓу Тајланд и Камбоџа, што се случи кон крајот на јули, загинаа десетина луѓе, а над 260.000 се раселени. По посредувањето на малезискиот премиер Анвар Ибрахим и притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп, двете земји се согласија на прекин на огнот.

Хасан наведе дека се надева оти примирјето ќе биде потпишана за време на Самитот на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) што од 26 до 28 октомври ќе се одржи во Куала Лумпур.

Предвидено е на Самитот да учествуваат дваесетина светски лидери. Хасан посочи дека и Трамп на 26 октомври ќе присуствува на потпишувањето на договорот помеѓу Тајланд и Камбоџа.

АСЕАН, е организација за политичка, економска и културна соработка помеѓу земји од Југоисточна Азија, формирана на 8 август 1967 година, на иницијатива на Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур и Тајланд. Подоцна им се приклучуваат Брунеи, Камбоџа, Лаос, Мјанмар и Виетнам. АСЕАН одржува самит секоја година, а комуникацијата се одвива на англиски јазик. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата