Хамнеи со предупредување до САД: Носачот на авиони е опасна направа, но поопасно е оружјето што може да се испрати на дното од морето

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамнеи со предупредување до САД: Носачот на авиони е опасна направа, но поопасно е оружјето што може да се испрати на дното од морето

„Американскиот претседател во една од своите неодамнешни изјави рече дека Америка не била во можност да ја елиминира Исламската Република 47 години; тој се пожалил на тоа пред својот народ. 47 години, Америка не била во можност да ја елиминира Исламската Република. Тоа е добро признание“, рече Хамнеи на денешната средба со претставници на покраината Источен Азербејџан.

„Ви велам: Ни вие нема да можете да го направите тоа“, додаде тој.

Хамнеи, исто така, се осврна на повторените изјави на американскиот претседател дека американската војска е најсилна во светот.

„Најсилната војска во светот понекогаш може да добие таква шлаканица што не ќе може да се крене. Тие постојано велат дека испратиле носач на авиони кон Иран. Па добро, носачот на авиони е опасна направа, но поопасно од носачот е оружјето што може да се испрати на дното на морето“, додаде тој. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата