Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји

14.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји

- Потврдувајќи го правото на Исламската Република Иран да одговори на оваа агресија со сите расположиви средства во согласност со меѓународните норми и закони, движењето ги повикува своите браќа во Иран да избегнуваат таргетирање на соседните земји, се наведува во соопштението од Хамас.

Денешната порака од Хамас до Техеран е значајна бидејќи Иран со години е еден од главните меѓународни сојузници на Хамас. Техеран го поддржува палестинското движење политички и, заедно со другите милитантни групи во регионот, му обезбедува финансиска и воена помош, иако Хамас формално не е дел од мрежата на регионални сојузници на Иран, како што е либанскиот Хезболах.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата