Хамас го ослободи последниот американски заложник од Газа

12.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамас го ослободи последниот американски заложник од Газа

Израел потврди дека 21-годишниот Александар е ослободен.

Александар бил член на воена единица стационирана на границата со Газа кога бил заробен од милитантите на Хамас за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Гест на добра волја“

Хамас изјави дека ослободувањето на заложникот Александар е „гест на добра волја“ насочен кон оживување на преговорите за ставање крај на 19-месечната војна меѓу Израел и Хамас.

Објавувањето доаѓа пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток, која започнува утре.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата