„Некои го гледаа во кино“, изјави еден висок свештеник. Тој додаде дека филмот, во режија на Едвард Бергер, се смета за извонредно точен дури и од кардиналите, што, како што рече, го прави корисна алатка за истражување, особено во време кога толку многу учесници на конклавите имаат малку искуство со политиката и протоколот на Ватикан, објави денес „Политико“.
Cardinals are watching “Conclave” the movie for guidance on the conclave IRL.https://t.co/bwUGgLbNRh
— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) May 6, 2025
Повеќето од кардиналите кои се најдоа во Рим во неделите по смртта на папата Франциск беа назначени од покојниот папа и никогаш не доживеале конклава. Филмот беше објавен четири месеци пред смртта на папата Франциск, на 21 април.
Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква ќе започне утре во Ватикан, а 133-те кардинални електори денес влегоа во резиденцијата Санта Марта.
Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по дводневно гласање, а почина на 21 април на 89-годишна возраст и беше погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре.