Канада ја отстрани Сирија од листата држави што поддржуваат тероризам, а од списокот на терористички организации ја избриша групата Хајат Тахрир ал Шам, главна сила во бунтовничката коалиција што се бореше против претседателот Башар ал Асад, соопшти канадската Влада.
Во соопштението се наведува дека мерките се усогласени со неодамнешните потези на Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, како и со „напорите што преодната сириска влада ги вложува во промовирање на стабилноста, градење инклузивна и безбедна иднина за граѓаните и соработката со меѓународните партнери за јакнење на регионалната стабилност и борба против тероризмот“.

