Камионџија излета од ограда на мост- со последни сили бара да му исполнат желба (ВИДЕО)

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камионџија излета од ограда на мост- со последни сили бара да му исполнат желба (ВИДЕО)

За време на 18-минутниот телефонски разговор со полицијата, се слуша како возачот вели: „Може ли некој да ми помогне? Можам многу брзо да паднам од мостот. Буквално висам на работ. Не сакам да умрам.“

Полициската диспечерка Мартина Вонер се обиде да го смири, велејќи: „Доаѓаат да те извадат, ќе бидеш добро“.

„Можат ли да го направат тоа? Не знаеш со сигурност, нели?“ преплашениот камионџија одговори, додека полицајката го охрабри: „Знам дека можат да те спасат, го правеле тоа и претходно.“

„Ако не преживеам, можеш ли да го споделиш овој разговор со моето семејство?“ беше следната драматична молба на возачот, пренесе Пипл.

Несреќата се случила во неделата, кога, од непозната причина, камион слета на страната од мостот, оставајќи ја кабината на возачот „виси“ над бездната.

Локалната противпожарна служба набрзо пристигнала на местото на настанот. Пожарникарите прво го стабилизирале камионот со синџири, пред еден од спасувачите, врзан со јаже, да се приближи до кабината и да го спаси исплашениот возач.

Зборувајќи за успешната 30-минутна операција, локалниот шеф на противпожарната служба рече дека таа била „исклучително опасна“, признавајќи дека само еднаш претходно доживеал слична ситуација во својата 24-годишна кариера.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата