Камион полн со мајмуни се преврте во Мисисипи, повеќето животни се убиени: Шират болести (ВИДЕО)

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камион полн со мајмуни се преврте во Мисисипи, повеќето животни се убиени: Шират болести (ВИДЕО)

Канцеларијата на шерифот на округот Џаспер објави на Фејсбук дека сите избегани мајмуни освен еден се убиени, предупредувајќи дека животните биле „агресивни“, пишува CNN. Сè уште не е јасно колку точно мајмуни имало во камионот во времето на несреќата, која се случила на меѓудржавниот пат 59 северно од градот Хајделберг.

Камионот превезувал резус мајмуни, кои тежат во просек 7,7 килограми и се едни од најпроучуваните животински видови за медицински цели. Тие биле сместени во Националниот центар за биомедицински истражувања на приматите на Универзитетот Тулан во Њу Орлеанс, кој рутински снабдува примати за научно-истражувачки организации. Не е познато кој ги транспортирал животните или каде биле испратени.

Контрадикторни информации за опасноста

Видеата од местото на настанот покажуваат мајмуни како лазат низ висока трева покрај автопатот, додека скршени дрвени гајби со ознака „живи животни“ се расфрлани наоколу. Иако канцеларијата на шерифот првично изјави дека мајмуните пренесуваат болести, вклучително и херпес, Универзитетот Тулан го негираше тоа, велејќи во соопштение дека мајмуните „не се заразни“.

Канцеларијата на шерифот одговори дека возачот на камионот им рекол дека мајмуните се опасни и дека со нив мора да се ракува со употреба на лична заштитна опрема. Универзитетот Тулан соопшти дека соработуваат со полицијата, а на местото на настанот е и Одделот за диви животни и рибарство на Мисисипи. Причината за превртувањето на камионот сè уште не е позната.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата