- Нападите од синоќа уште еднаш покажуваат дека Русија е решена да го зголеми страдањето и уништувањето на Украина. Ужасно е да се видат деца меѓу невините убиени и ранети. Ни треба најсилен меѓународен притисок врз Русија за да ја запре оваа војна, објави Калас на платфорката Икс.
Властите во Киев претходно соопштија дека најмалку 12 лица се убиени во руските воздушни напади врз неколку региони, неколку часа пред планираната размена на затвореници меѓу Русија и Украина. Меѓу жртвите се и три деца во северозападниот украински регион Житомир.