Јужнокорејското Обвинителство бара 15 години затвор за поранешната прва дама Ким Кон-хи

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јужнокорејското Обвинителство бара 15 години затвор за поранешната прва дама Ким Кон-хи

Случајот против Ким е дел од поширока истрага против поранешниот претседател Јун Сук-јол, што почна откако беше соборен во април поради неуспешен обид за воведување воена состојба во декември 2024 година.

Централниот окружниот суд треба да ја објави пресудата против поранешната прва дама на 28 јануари.

Обвинителите во завршните зборови потсетија дека Ким е обвинета за манипулирање на финансиските пазари, кршење на законите за политичко финансирање и примање мито од Црквата на обединување.

Поранешната прва дама се изјасни за невина на суд, но и се извини на јавноста за предизвикување вознемиреност. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата