Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

6.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

Јужна Кореја доби извинување од Украина во врска со обелоденувањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Чо Тае-јул.

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме, па затоа имаме намера да преземеме решителни мерки“, рече Чо за време на парламентарниот надзор над работата на министерството, како што пренесе агенцијата Јонхап.

Тој додаде дека владата разгледува различни опции, вклучително и можноста за отповикување на јужнокорејскиот амбасадор во Украина, Парк Хи-квон.

Чо истакна дека уште од самиот почеток постоел договор префрлањето да се чува во тајност со цел да се заштитат двајцата војници и нивните семејства во Северна Кореја.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно ја опиша ситуацијата како „дипломатско недоразбирање“.

Според јужнокорејските власти, двајцата севернокорејски војници биле заробени во јануари минатата година додека се бореле на страната на Русија во регионот Курск, а во Јужна Кореја пристигнале во средината на септември.

Јужна Кореја се обидува да го реши спорот преку дипломатски канали, истовремено одржувајќи ги односите со Украина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата