Израелскиот тим во Доха испитува потенцијален договор за завршување на војната

18.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелскиот тим во Доха испитува потенцијален договор за завршување на војната

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека израелскиот преговарачки тим од Доха испитува потенцијален договор за завршување на војната со палестинската милитантна група Хамас, ослободување на сите заложници кои ги држи групата, разоружување и протерување на Хамас.

Во соопштението се наведува дека израелскиот преговарачки тим за заложници во Катар исцрпно ја испитува „секоја можност“ за договор, вклучувајќи и потенцијален договор кој би ги завршил борбите, пренесе Тајмс оф Израел.

Кабинетот на израелскиот премиерот соопшти дека преговарачкиот тим работи на две можности, од кои првата е предлогот на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф за краткорочен прекин на огнот и ограничена размена на заложници, додека втората е договор за завршување на војната преку ослободување на сите заложници во Газа и целосно предавање и протерување на Хамас. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата