Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, е убиен во израелски воздушен напад во Техеран во текот на ноќта, додавајќи дека денеска се очекуваат „значајни изненадувања“.
- На овој ден се очекуваат значајни изненадувања на сите полиња што ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан – изјави тој за време на безбедносната проценка, според неговиот кабинет.
- Интензитетот на нападите во Иран се зголемува. Иранскиот министер за разузнавање Хатиб исто така беше елиминиран во текот на ноќта – рекол тој.
Според Кац, тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху „ги овластиле Израелските одбранбени сили да ја елиминираат секоја висока иранска личност … без потреба од дополнително одобрение“, пренесе Тајмс оф Израел.

