Израел тврди дека ги нападнал јеменските пристаништа контролирани од Хутите

16.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел тврди дека ги нападнал јеменските пристаништа контролирани од Хутите

Во исто време, министерот за одбрана Израел Кац вети дека ќе го пронајде и убие лидерот на јеменските бунтовници Абдул Малик ал-Хути.

Според телевизијата „Ал-Масира“, контролирана од Хутите, Израел ги нападна јеменските пристаништа Ходеида и Салиф на брегот на Црвеното Море.

Хутите продолжуваат да испукуваат ракети кон Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа, и покрај тоа што се согласија да ги запрат нападите врз американските бродови.

Израелската војска, која изврши повеќекратни одмазднички напади врз цели на Хутите, вчера пресретна ракета истрелана од групата.

Порано оваа недела, Израел издаде наредби за евакуација од пристаништата Рас Иса, Ходеида и Салиф, велејќи дека ги користат јеменските бунтовници Хути, кои се сојузници на Иран. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата