Израел објави кога почнува примирјето, Хамас ветил дека ќе ги предадат заложниците без „парада“

9.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел објави кога почнува примирјето, Хамас ветил дека ќе ги предадат заложниците без „парада“

Порано денес, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека прекинот на огнот ќе стапи на сила вечерва, откако договорот ќе биде ратификуван на состанок на кабинетот, објави Скај њуз.

Според договорот, израелската војска ќе се прераспореди зад договорената линија на повлекување.

По завршувањето на 24-часовниот период, ќе започне период од 72 часа во кој Хамас мора да ги врати преостанатите заложници на Израелските одбранбени сили, „со почит“ и без „паради“.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас беше постигнат утрово во Египет.

Хамас се согласи да не одржува церемонии за време на предавањето на заложниците

Хамас се согласи за време на разговорите во Египет да не одржува церемонии за време на предавањето на заложниците на Израел, објави денес „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на арапски дипломат и друг извор запознаен со мировните преговори.

„Тајмс оф Израел“ потсетува дека церемониите за време на претходниот договор за заложниците претходно оваа година, на кои ослабени заложници беа парадирани пред толпи кои извикуваа антиизраелски пароли, ги налутија и Израел и САД.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата