Израел не ја сака Турција како дел од мировните сили во Газа

9.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел не ја сака Турција како дел од мировните сили во Газа

„Нема да има турски војници на терен“, рече Шош Бедросијан кога беше прашана за можноста за турско воено присуство.

Планот на американскиот претседател Трамп за ставање крај на двегодишната војна во палестинската енклава предвидува привремена меѓународна стабилизациска сила која ќе биде одговорна за безбедноста во Појасот Газа.

Силата сè уште не е формирана, а многу земји бараат да биде потврдена со мандат од Советот за безбедност на ОН.

Запрашан за израелските приговори на идејата турските сили да бидат во Газа, американскиот амбасадор во Турција, Том Барак, претходно овој месец на безбедносната конференција во Манама, изјави дека Турција ќе биде дел од меѓународна сила.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, минатиот месец изјави дека Анкара ќе има „конструктивна улога“, но дека Вашингтон нема да му наметнува ништо на Израел во врска со странските сили „на негова територија“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата