Според достапните информации, измената на списокот на ослободените била направена во последен момент.
Воен портпарол потврди дека прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење „Хамас“ стапи во сила денеска напладне.
Договорот е прва фаза од мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп и предвидува ослободување на сите израелски заложници, како и повлекување на израелските сили до заеднички договорена линија во Газа.
Израел, според договорот, ќе ослободи околу 250 Палестинци осудени на доживотен затвор и приближно 1.700 лица притворени по нападот на Хамас пред две години, кој ја предизвика војната.

