Либанската милиција Хезболах, која се обидува да ги обнови своите воени капацитети таму, ги потврди нападите.
Наредбите за евакуација и нападите дојдоа и покрај договорот за прекин на огнот постигнат пред една недела, кој требаше да стави крај на повеќе од една година конфликт меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран. Нападите следеа по месеци откако либанската армија ги расчистуваше упориштата на Хезболах на југ.
Наредби за евакуација на X
Либанското министерство за здравство не даде веднаш бројка на жртви од попладневните воздушни напади. Според министерството, во претходните израелски напади денеска , загина едно лице.
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, ги објави наредбите за евакуација на социјалната платформа X денеска во 14 часот со мапи на кои се прикажани три згради во селата Аита ал-Џабал, ал-Таџиба и Тајр Деба.
#عاجل ‼️ إنذار عاجل إلى سكان جنوب لبنان وتحديدًا في قرية عيتا الجبل (الزط)
— افيخاي ادرعي (@AvichayAdraee) November 6, 2025
🔸سيهاجم جيش الدفاع على المدى الزمني القريب بنى تحتية عسكرية تابعة لحزب الله الإرهابي وذلك للتعامل مع المحاولات المحظورة التي يقوم بها حزب الله لإعادة إعمار أنشطته في المنطقة
🔸نتوجه إلى سكان المبنى… pic.twitter.com/FFiAr2GpIz
Во соопштението, на жителите им е наредено да останат најмалку 500 метри од тие локации. Либанската цивилна одбрана им помогна на луѓето да ги евакуираат тие области, објави либанската државна новинска агенција.
„Израел ќе продолжи да ги брани сите свои граници“
Воздушните напади започнаа околу еден час по наредбите за евакуација. Иако Израел извршува чести напади во текот на изминатата година врз она што го тврди дека се воени локации и членови на Хезболах во јужен Либан, тие ретко биле придружени со наредби за евакуација.
„Израел ќе продолжи да ги брани сите свои граници и ќе продолжи да инсистира на целосно почитување на договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел“, изјави портпаролот на израелската влада, Шош Бедросијан, пред новинарите во четврток.
Бедросијан рече дека Израел нема да дозволи Хезболах да се вооружи или обнови воените сили уништени од копнената и воздушната офанзива на Израел во 2023 и 2024 година.
Хезболах деенска изјави дека е посветен на прекинот на огнот, но го задржува своето „легитимно право да се спротивстави на Израел“.
Не го нападна Израел откако договорот за прекин на огнот стапи на сила минатата година.
Предупредувањата за евакуација се совпаднаа со состанокот на либанската влада каде што началникот на армијата, Родолф Хајкал, требаше да извести за напредокот во запленувањето на оружјето на Хезболах на југот на земјата.

