Израел го забрани работењето на 37 меѓународни невладини организации во Газа и Западниот Брег

31.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел го забрани работењето на 37 меѓународни невладини организации во Газа и Западниот Брег

Лиценците на 37 меѓународни невладини организации што работат во Газа и Западниот Брег ќе истечат на 1 јануари, бидејќи не ги исполниле строгите нови барања за регистрација кај израелската влада, како што е предвидено во регулативата од 1 март оваа година, објави синоќа израелското Министерство за дијаспора.

Во соопштението се наведува дека организациите што се соочуваат со забраната на 1 јануари не ги исполниле новите барања за споделување информации за нивниот персонал, финансирање и работење, објавува „Тајмс оф Израел“.

Регулативата на израелската влада бара од таквите невладини организации да поднесат серија документи за нивната организација и работење, вклучувајќи список на сите странски и палестински вработени вклучени во нивното работење, вклучувајќи ги и нивните пасоши и лични карти, објавува порталот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата