Италијанската полиција заплени повеќе од 80 килограми кокаин во близина на Неапол

14.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанската полиција заплени повеќе од 80 килограми кокаин во близина на Неапол

Полицијата уапси 33-годишен и 47-годишен маж кои беа фатени како превезуваат 81,7 килограми кокаин поделени во 70 снопови од камион во помало комбе во северните предградија на Неапол, јави АНСА.

Проценетата улична вредност на дрогата е околу 10 милиони евра. Од полицијата велат дека ова е значаен удар врз организираниот криминал, пренесува италијанската агенција.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата