Иранската револуционерна гарда му се заколна на верност на Моџтаба Хамнеи

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранската револуционерна гарда му се заколна на верност на Моџтаба Хамнеи

Исламската револуционерна гарда „го поддржува изборот на Советот на експерти (и) е подготвена целосно да се покори и да се жртвува за да ги исполни божествените заповеди“ на Моџтаба Хамнеи, се наведува во соопштението.

Моџтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, е именуван за наследник на својот татко како врховен лидер на Иран, објавија синоќа иранските државни медиуми.

Како што објавија агенциите, 56-годишниот Моџтаб Хамнеи беше назначен за врховен лидер од страна на Советот на експерти, откако со години создаваше блиски врски со елитната Револуционерна гарда и градеше влијание во свештеничкиот естаблишмент.

Тој преживеа воздушен напад на САД и Израел против Иран и е назначен од иранскиот естаблишмент како потенцијален наследник на својот татко, кој беше убиен во воздушен напад минатата сабота.

Како моќен свештеник од среден ранг, Моџтаба Хамнеи се спротивставува на реформаторите кои сакаат да соработуваат со Западот во обидот да ја ограничи нуклеарната програма на Иран и кои сакаат поголема слобода.

Неговите блиски врски со Револуционерната гарда (ИРГЦ) му дадоа дополнителна предност во иранскиот политички и безбедносен апарат, а тој изгради влијание зад кулисите како „влез“ до својот татко, велат извори запознаени со ова прашање.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата