Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво

25.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво

Танкерот и неговиот нелегален товар се конфискувани, а 16 членови на екипажот се приведени.

Како што јави Иранската новинска агенција (ИРНА) горивото на танкерот било натоварено со чамци и требало да се дистрибуира до бродовите откако товарниот брод ќе го напушти Персиски Залив.

Но, не е наведено под кое знаме пловел танкерот, ниту националноста на членовите на екипажот.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата