Заканата од Техеран отвора ризик за снабдувањето со електрична енергија и вода во арапските држави од Персискиот Залив, со оглед на тоа што дел од електроцентралите се функционално поврзани со постројки за десалинизација.
На списокот потенцијални цели, објавен од иранската новинска агенција „Фарс“, се наоѓа и нуклеарната централа „Барака“ во Обединетите Арапски Емирати.
Нуклеарната централа се наоѓа во пустинска област во западниот дел на ОАЕ, во близина на границата со Саудиска Арабија и Катар.
Списокот го објави и Агенцијата на иранското правосудство „Мизан“.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно предупреди дека САД ќе извршат напади врз ирански електроцентрали во рок од 48 часа доколку Техеран не се откаже блокадата на Ормускиот теснец, клучен за глобалниот транспорт на нафта.
Ултиматумот на Трамп истекува денеска пред полноќ.

