Иран пропушта само пријателски бродови низ Ормутскиот Теснец

15.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран пропушта само пријателски бродови низ Ормутскиот Теснец

 Иранскиот воен претставник нагласи дека транзитот и натаму е забранет за сите пловни објекти поврзани со „непријателски држави“.

Иранската новинска агенција Тасним објави дека дел од бродовите што минале пловеле под кинеско знаме. Инаку, Иран го блокираше Теснецот на 28 февруари, кратко по почетокот на американско-израелските воздушни напади, а потоа САД воведе блокади на целиот поморски сообраќај од иранските пристаништа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата