Иран нападна танкер за кој тврди дека бил поврзан со Израел

4.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран нападна танкер за кој тврди дека бил поврзан со Израел

- Нападот врз танкерот „Ишика“, кој му припаѓа на израелскиот режим, но е регистриран под знамето на трета земја, се случи во пристаништето Калифа бин Салман во Бахреин, објави „Сепах њуз“, медиум поврзан со военото крило на режимот во Иран. По нападот со беспилотно летало бродот се запалил.

Претходно, поморските сили на ИРЦГ објавија на платформата Х дека го нападнале бродот во Ормуската Теснина.

Според специјализираната веб-страница „МаринТрафик“, танкерот пловел под либериско знаме и синоќа влегол во пристаништето во Бахреин.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата