Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата

20.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата

Арагчи го критикуваше, како што рече, „пристрасниот и негативен“ став на Велика Британија и некои други европски земји кон американско-израелската агресија против Иран. Во објава на Телеграм, тој порача дека давањето каква било помош на овие земји „само ја влошува и дополнително ја комплицира ситуацијата“.

„Со дозволувањето САД да ги користат вашите воени бази, директно учествувате во агресија. Ваквите дејствија несомнено ќе се сметаат за учество во агресија и ќе влезат во историјата на односите меѓу нашите две земји. Во исто време, го задржуваме нашето неотуѓиво право да го браниме суверенитетот и независноста на земјата“, изјави Арагчи.

Британскиот премиер Кир Стармер претходно овој месец им одобри на САД да ги користат базите „РАФ Ферфорд“ во Глостершир и „Диего Гарсија“ во Индискиот Океан за „одбранбени“ операции против иранските ракетни локации. Во изминатите две недели, во базата „Ферфорд“ е регистрирана зголемена активност на американските воени авиони.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата