Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

12.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

Резаи, портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, напиша дека тоа е една од клучните опции што ќе се дискутираат во Техеран.

„Една од опциите на Иран во случај на друг напад би можела да биде збогатување од 90%. Ќе го анализираме ова во парламентот“, рече Резаи.

Нуклеарните централи обично бараат ураниум збогатен до 3 до 5%, додека нуклеарното оружје бара ниво од 90%. Оваа закана доаѓа откако американските медиуми објавија дека Доналд Трамп размислува за нови напади врз Иран за да ја ослабне нивната преговарачка позиција.

Инаку, Трамп ја оправда војната токму со тврдењето дека на Иран никогаш не треба да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата