ИДФ: Пронајдовме тунел на Хезболах под продавница за облека (ВИДЕО)

23.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДФ: Пронајдовме тунел на Хезболах под продавница за облека (ВИДЕО)

ИДФ во соопштението наведува дека тоа е подземен команден центар на Хезболах.

Според израелската војска, војниците пронашле оружје и неколку простории во тунелот за кои се вели дека ги користел Хезболах „за насочување на борбени операции“.

Од 2 март, израелските сили спроведуваат офанзива во Либан во која, според официјалните бројки, околу 2.300 луѓе се убиени, повеќе од 7.500 се ранети, а повеќе од еден милион луѓе се раселени.

Десетдневен прекин на огнот во Либан објави американскиот претседател Доналд Трамп на 17 април.

Денес, во Соединетите Американски Држави започнува втората рунда разговори меѓу Израел и Либан. Либан има намера да побара едномесечно продолжување на прекинот на огнот што истекува во недела.

Сепак, и покрај десетдневното примирје, израелските сили вчера убија најмалку пет лица во јужен Либан, вклучувајќи ја и либанската новинарка Амал Калил.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата