ИДФ: Хамас му предаде на Црвениот крст во Газа уште едно тело на заложник

20.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДФ: Хамас му предаде на Црвениот крст во Газа уште едно тело на заложник

Црвениот крст сега ќе го предаде ковчегот на израелските војници во Газа, каде што ќе се одржи церемонија предводена од воен рабин, објави „Тајмс оф Израел“.

Военото крило на палестинската милитантна група Хамас претходно објави дека вечерва во 20 часот по локално време ќе му предаде на Израел уште едно тело на заложник.

Хамас соопшти дека телото на заложникот било пронајдено вчера.

Групата треба на Израел да му ги предаде телата на уште 16 заложници, согласно договорот за прекин на огнот од Шарм ел Шеик.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата