Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Гутереш е „длабоко шокиран“ од нападите на училиштата на ОН во Газа

19 ноември 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ што за помалку од 24 часа во Појасот Газа биле погодени две училишта на ОН, при што загинале и се ранети десетици луѓе, вклучително и голем број жени и деца кои, како што изјави, побарале обезбедување во просториите на Обединетите нации.

„Стотици илјади палестински цивили бараат засолниште во објектите на Обединетите нации ширум Газа поради засилените борби. Потврдувам дека нашите објекти се неповредливи“, рече Гутереш во изјавата, пренесува Дејли Меил.

Тој рече дека војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, која управува со Газа, предизвикува „неверојатна и неприфатлива бројка на цивилни жртви“ и повика повторно на итен хуманитарен прекин на огнот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ