Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Германците во шок: Девојчиња тепаат и брутално малтретираат врсничка (Вознемирувачко видео)

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Имено, во градот Шлезвиг-Холштајн, група девојчиња на возраст од 14 до 17 години наводно со часови мачеле 13-годишно девојче и сѐ снимале на телефон.

Десетина девојчиња истурале сок врз главата на жртвата, треселе пепел од цигари и ѝ ја запалиле косата, а додека девојчето се обидувала да стане, една од девојчињата почнала да ѝ вика: „Седи и моли ме! Не те пуштам толку лесно“.

Овој случај привлече големо внимание во јавноста, особено затоа што, како и во случајот со убиената Луиза, измаченото девојче ги познавала луѓето кои ја малтретирале.

Германските медиуми јавуваат дека ова не е прв пат девојчето (13) да трпи насилство бидејќи често имала проблеми со група врснички кои ја малтретираат и на споменатото видео.

>Ве молиме имајте предвид дека видеото подолу содржи вознемирувачка содржина.<

На видеата се гледа како жртвата плаче и ги моли девојчињата да не ја удираат по нос, но тие не престанале.

Германските медиуми пишуваат дека ова страшно злосторство се случило на крајот на февруари, но мајката на девојчето дури сега решила да проговори за сѐ за да ја предупреди јавноста за сѐ поголемиот проблем со насилството меѓу младите.

Полицијата ги идентификувала напаѓачите, а на девојчето ѝ била укажана лекарска помош. Мајката на жртвата рекла дека мачењето било прекинато благодарение на храбрата интервенција на случајни минувачи, пренесува RTL.

“Тој ја препозна опасноста во која е ќерка ми, ја прими кога таа побара помош од него. Многу сме му благодарни”, рекла мајката.

Според обвинителката, како и во случајот со малата Луиза, сторителите на ова кривично дело нема да бидат кривично гонети бидејќи се деца.

„Девојката се здобила со тешки физички повреди. За сторителите во моментов се грижи Канцеларијата за млади. Се уште е нејасно како ќе се одвиваат работите“, рече обвинителот.

Да потсетиме, минатата недела Германија и целиот свет ја потресе веста за убиството на дванаесетгодишното девојче, кое го убиле нејзините две најдобри пријателки. Телото на девојчето Луиза (12) било пронајдено во шума, со десетици убодни рани.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ