Генералниот секретар на НАТО ќе патува за Вашингтон на средба со Трамп

2.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Генералниот секретар на НАТО ќе патува за Вашингтон на средба со Трамп

Како што соопшти неговата портпаролка, Алисон Харт, посетата на САД била планирана подолго време, а деталите за програмата ќе бидат објавени во наредните денови.

Се очекува средбата да придонесе за намалување на тензиите во Алијансата што настанаа поради војната со Иран. Трамп неодамна изрази незадоволство од сојузниците, кои се дистанцираа од американската воена интервенција и не покажаа подготвеност да учествуваат во евентуални мисии за обезбедување на транспортот на нафта и гас низ Ормускиот теснец.

Американскиот претседател дури изјави дека размислува и за повлекување на САД од НАТО.

На разговорите се очекува да бидат разгледани и напорите за окончување на војната во Украина, како и подготовките за самитот на НАТО што треба да се одржи во Турција во јули.

На средбата во Анкара лидерите повторно ќе се фокусираат на пофер распределба на товарот во рамките на Алијансата, при што Трамп бара европските земји да преземат значително поголема одговорност за сопствената одбрана.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата